logo
logo
logo

Кој заслужува поддршка: Израел или Палестина, САД или Иран... Ова се одговорите

Vecer | 01.06.2026

Кој заслужува поддршка: Израел или Палестина, САД или Иран... Ова се одговорите

Ширум Европа гледаме поддршка за Палестина и осуда на масивната израелска воена акција врз Палестинците и во Либан со стотици урнати јавни објекти, болници и иљадници домови на близу два милиони Палестинци и Либанци, и досега над 70.000 загинати и речиси милион протерани од своите домови.

Во исто време се случува и израелско американски напад врз Иран кој го осудија повеќе европски влади и бараат прекин на воените дејствија од кои последици не чувствуваат само ирачаните туку и целиот свет.

Во Србија спровеле анкета: Кој заслушува подршка - Израел или Палестина... Израел со САД или Иран? Ова се одговорите.

Мнозинството српски граѓани се убедливо на страната на Иран во војната со САД и уште поубедливо ги поддржуваат Палестинците во конфликтот со Израел, покажа анкета на јавното мислење во Србија.

На прашањето „Кого повеќе поддржувате во оваа војна меѓу САД и Иран?“, најголемиот број испитаници (51,1 процент) немаат јасен став. Сепак, симпатиите на оние кои имаат став се убедливо и повеќекратно на страната на поддршката на Иран (41,1 процент), додека само 7,8 проценти ги поддржуваат САД. Затоа, односот на поддршка е повеќе од 5:1 во корист на Иран, според NSPM, чиј тим ја спроведе анкетата во април.

Најголема разлика во нивото на поддршка е забележана по прашањето за конфликтот меѓу Израел и Палестинците. 56,9 проценти од граѓаните изјавиле дека ги поддржуваат Палестинците, додека 5 проценти од испитаниците изразиле поддршка за Израел (38,1 процент рекле дека не поддржуваат никого).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk