Во грчкото одморалиште Пефкохори, жена била касната од риба-зајак во плитките води, по што ѝ била укажана помош во здравствен центар.
Во интервју за грчката телевизија ANT1, несреќната жена раскажала како се случил инцидентот и додала дека е многу загрижена за каснувањето.
Според неа, таа била на плажата во Пефкохори во друштво на пријатели, а риба-зајак ја каснал во плитките води, пред да успее да нурне во длабочините.

- Се обидов да влезам во морето и стигнав до длабочината само до колена, кога одеднаш почувствував многу силен стисок и остра болка. Помислив: „Нешто ме каснува и не ме пушта“. Погледнав надолу и видов огромна риба. Бидејќи бев информирана претходно, точно знаев како изгледа риба-зајакот. Сфатив што се случува, се испаничив и почнав диво да ја тресам ногата за да ја тргнам од мене, бидејќи ме касна и цврсто се држеше. Веднаш истрчав од водата, бев во целосна паника и почнав да плачам - се сеќава таа.
Пријателите сфатија дека нешто се случува и ја следеа надвор од морето. Кога ја видоа повредата што ѝ ја нанесе озлогласената риба, беа шокирани.
Голема дупка во зглобот
Тој објаснува дека среќната околност била положбата на каснувањето.
- За среќа, ме каснала точно преку коската на зглобот на глуждот, па не можела да предизвика подлабоко оштетување на ткивото со забите. Сепак, оставила прилично голема и забележлива дупка на мојот зглоб - објаснила пливачката, пишува Телеграф.

Веќе на плажата, присутните ѝ пружиле прва помош и го запреле крварењето. После тоа, таа била префрлена во локалниот здравствен центар и итно лекувана.
Таа примила антитетанусен серум и добила задолжителна терапија што вклучувала антибиотици. Раната била исчистена и санирана.
- Апсолутно нема шанси да станува збор за нешто друго. Јасно ја видов рибата, знам како изгледа и невозможно е да ја помешам со друг вид - рекла таа.
За потсетување, Црвениот крст на Грција претходно издаде официјално предупредување за присуството на зајачката риба, која сече како брич и носи отров во себе.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата