Како што дознава Танјуг, во Белград е во тек голема антикорупциска операција, спроведена од Вишото јавно обвинителство и полицијата.
На повеќе локации се вршат апсења и претреси, а според добиените информации, досега се уапсени повеќе лица.
Повеќе од 90 луѓе се уапсени во Србија во изминатите две недели за различни кривични дела, а меѓу приведените има високи полициски функционери, јавни службеници и бизнисмени.
Меѓу приведените се началникот на Управата за криминалистичка полиција, Марко Кричак, началникот на Службата за сузбивање криминал, Бошко Секулиќ, и командантот на Специјалната антитерористичка единица, Игор Жмириќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата