Големата Рајфајзен Банка од Автсрија имала план и влегла во подготовките за реализација да ги проадде акциите на Адико Банка од Автсрија кои ги поседува на купувачот Алта Банка Београд. Според овој процес Австијците немале никакво сомневање во правната положба или деловниот легитимитет на белградската Алта банка.
Но, и ти се изненадени од одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на „Алта банка“ по што сите преземени дејствија за трансферот се запрени.
Првичниот план на „Рајфајзен“ предвидуваше по преземањето на „Адико“ да ги издвои и продаде нејзините банки надвор од Европската Унија на српската финансиска групација „Алта“.
Планот ги опфаќаше „Адико банка“ во Србија, двете банки во Босна и Херцеговина и банката во Црна Гора.

Меѓутоа, по одземањето на дозволата на „Алта банка“, австриската групација проценува дека реализацијата на овој договор е малку веројатна.
„По одземањето на банкарската дозвола на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, веќе не очекуваме Алта група да ги добие потребните регулаторни одобренија за евентуалното издвојување на дел од работењето“, соопшти „Рајфајзен“ на 1 ноември.
Поради тоа, групацијата сега очекува да ги задржи сите подружници на „Адико банка“, вклучително и оние во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата