СЕ УРНА МОСТ, СООБРАЌАЈОТ ЦЕЛОСНО ВО ПРЕКИН

Vecer | 19.05.2026

СЕ УРНА МОСТ, СООБРАЌАЈОТ ЦЕЛОСНО ВО ПРЕКИН
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Дел од мостот на границата помеѓу Босна и Херцеговина и Хрватска се урна ноќеска, а сообраќајот е целосно прекинат во двата правци меѓу граничните премини Стара Градишка во Хрватска и Градишка во Босна и Херцеговина, објави „Слободна Далмација“.

Поради сериозноста на оштетувањето на мостот, во сила е целосна забрана за сообраќај за сите возила.

👉 Након урушавања бетонске конструкције и ограде на мосту преко Саве у Градишци и затварања старог граничног прелаза, хитно сам за данас у 13 часова заказао телефонску сједницу УО УИО. По шести пут покушаћемо отворити нови ГП Градишка.

☝️ Ако колоне нису проблем, можда није… pic.twitter.com/Rt9d0hA7th

— Srđan Amidžić (@AmidzicSrdjan) May 19, 2026

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени. Поради затворањето на овој фреквентен премин, сообраќајот се пренасочува кон други локации. На останатите гранични премини веќе се бележат задржувања на патнички возила, а застојот засега се движи меѓу 10 и 30 минути.

Поради уривањето на мостот кон граничниот премин Градишка, на босанскохерцеговската страна од границата, Граничната полиција на Босна и Херцеговина и локалната полиција го пренасочуваат сообраќајот кон граничните премини Јасеновац, Дубица и Костајница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk