ПРВА ЈАВНА ПОТВРДА ЗА СТРАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОБУКА на протестите во Србија

Vecer | 21.11.2026

ПРВА ЈАВНА ПОТВРДА ЗА СТРАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА И ОБУКА на протестите во Србија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Хрватскиот Jutarnji.hr објави анализа за организацијата на студенстките и блокадерски протести во Србија кои со две години демонстрации доведоа до промена на власта во таа држава, а во кој процес на органзицаија учествувале и хрватски граѓани, политичари и невладини организации.

Подналовот на анализата е: Кувар за блокада, хрватска врска и „кампови за обука“: Еве како се роди движењето што го собори Вучиќ!

Во статијата на новинарот Филип Павиќ се анализира како студентското движење прераснало во организирана политичка сила и каква улога одиграле разни организации, здруженија, фондации и програми за обука од Србија, регионот и Европа во тој процес.

Според Јутарњи, студентското движење не се појавило преку ноќ, туку поминало низ процес на организациски и политички развој во текот на две години, во текот на кои неговите учесници ги стекнале знаењата и вештините потребни за јавно и политичко дејствување со асистенција надвор од државата.

- Во текот на две години, студентите се претвориле од револтирана група граѓани во политички професионалци - се вели во анализата. Истражувањето наведува дека обуката вклучувала активности кои не биле ограничени само на организирање протести и граѓански активизам. Според Јутарњи лист, учесниците стекнале знаења за дејствување, организирање и водење пленуми, дигитален маркетинг и набљудување на изборни процедури.

Јутарњи посвети посебно внимание на улогата на организациите од Хрватска, регионот и други европски земји, кои учествуваа во програми за обука и едукација на активисти. Ова е прва јавна потврда за странска организација и обука на студентите и активистите во протестите и деманстрациите во Србија.

Додека во текстот се наведува дека разни здруженија, организации на граѓанското општество и фондации им обезбедија на учесниците во студентското движење знаење од областа на организацијата, комуникацијата и политичкото дејствување.

Централниот дел од истражувањето на Филип Павиќ се однесува на процесот преку кој студентското движење прерасна во политичка организација способна за учество на избори.

- Како го постигнале ова, кој точно ги упатил за политичко дејствување и колку активистичките обуки придонеле за нивното партиско организирање во Студентската листа и евентуалното освојување на власта? - е прашање што го поставува авторот на истражувањето.

Истражувањето на хрватскиот Јутарњи отвора низа прашања за легитимноста и “автентичноста“ за потеклото, организацијата, развојот и политичката трансформација на студентското движење во Србија, но и за улогата на домашните и странските организации во тој процес.

Посебно е дискутабилно директното учество на Хрватите со политички функции и моќ.

Александар Маршавелски, професор на Правниот факултет во Загреб од македонско потекло, правен експерт во невладини организации и во јавниот сектор и член на Хрватскиот совет за цивилен надзор на безбедносните и разузнавачките агенцииј со месеци објавувал колумни и отворени писма за српскиот дневен весник Данас под псевдонимот „Пријател на студентите“.

По изборите, на 31 октомври 2026 година, во текст за весникот Данас, откри дека под псевдонимот „Пријател на студенатите“ објавувал, пишувал и давал совети на студентите во блокада во Србија за време на протестите.

Во своите обраќања до студентите во блокадата, Маршавелски презентираше политички анализи, предложи стратегии за дејствување, формирање експертска влада, побара поддршка од Европската Унија и влијаеше на дебатата за составот на Студентскиот список. Објави вкупно 84 писма, објави во медуимот.

По признанието, дел од хрватската опозиција остро реагираа, наведувајќи дека неговиот политички ангажман во соседната земја ја загрозил непристрасноста на телата што ја надгледуваат работата на тајните служби. Кратко потоа, Маршавелски поднесе неотповиклива оставка од членството во Советот за цивилен надзор над безбедносните и разузнавачките агенции (SOA и VSOA).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk