Страшна вест пристигна од Босна и Херцеговина. Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 16-годишниот Марко Грбавац, еден од најталентираните млади ракометари на академијата на „РК Извиѓач“.
Несреќата се случила додека младиот спортист со велосипед одел кон училиштето, кога во него удрило патничко моторно возило.

Возачот на возилото по инцидентот е уапсен, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.
Екипата на итна медицинска помош брзо пристигнала на местото на настанот, но и покрај сите обиди за реанимација, лекарите за жал не успеале да го спасат неговиот млад живот.
По повод оваа голема трагедија, од неговиот матичен клуб РК Извиѓач се простија со емотивно и потресно соопштение:
„Со несреќен случај трагично загина нашиот млад ракометар, нашиот Марко Грбавац. Денес се изгаснаа сите негови соништа. Тга и неверување го освоија нашиот клуб, нашето место и сите кои го познаваа. Тешко е да се најдат зборови со кои би се искажала болката за заминувањето на еден толку млад живот“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата