По победата на вонредните парламентарни избори, Студентската листа одржа жестока и прва прес-конференција, најавувајќи невиден политички земјотрес, тотална чистка во безбедносниот сектор и итна затворска одговорност за заминувачката гарнитура на власта!
Студентите упатија ултимативни барања за неотповикливи оставки и смени на сите водечки кадри во полицијата, БИА, ВБА, Уставниот суд и обвинителствата. На списокот се најдоа директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, првиот човек на ВБА Ѓуро Јованиќ, обвинителот Ненад Стефановиќ, но и целата шефовска пирамида на крим полицијата и Жандармеријата. Во исто време, се бара итно замрзнување и чешлање на сите пари од спорните милионски проекти како „Експо“, „Белград на вода“, автопатот „Милош Велики“ и „Рио Тинто“, заедно со итно повторно отворање на замрзнатите истраги за убиството на Оливер Ивановиќ, рушењето во Савамала и падот на хеликоптерот!
Студентите веќе отворија специјална линија за свиркачи, тврдејќи дека актуелни министри, директори и судии веќе тајно ги контактираат за да пријават уништување на документација и криење на докази за време на овој транзициски период!
Метежот не го заобиколи ниту медиумскиот и телекомуникацискиот сектор, каде што Студентската листа бара итна смена на директорот на Телеком, Владимир Лучиќ, како и воведување на привремена управа во националниот сервис РТС и комплетно реструктуирање на РЕМ. Студентите порачаа дека мандатот за владеење на правото од граѓаните започнува да се спроведува веднаш, без да се чека ниту еден ден за формално формирање на новата Влада!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата