Носителот на листата „Обединета Србија“, која изгуби на парламентарните избори во неделата во Србија, верува дека ќе се врати на власт за две години, напоменувајќи дека СНС (Српска напредна странка) ќе помине низ голема реорганизација.
„Нема да се вратиме на власт утре, но верувам дека тоа ќе се случи за две години – можеби дури и порано. Луѓето што гласаа за ’Студентската листа‘ ќе сфатат дека направиле грешка штом нивната сопствена егзистенција ќе биде загрозена“, рече екс-претседателот на Србија Александар Вучиќ,
Тој посочи дека и на други места се случиле промени наведувајќи ја ситуацијата во Бугарија, случајот со Доналд Трамп (кој се соочи со прогон, но сепак победи) и примерот на чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој извојува победа по наводен голем корупциски скандал.
Најави голема реорганизација на Српската напредна странка (СНС), нагласувајќи дека партијата ќе биде отворена за соработка со секој што сака да се приклучи кон формирањето на најширок можен фронт против актуелната власт.
„Ќе поставиме нови луѓе на раководни позиции и ќе спроведеме значајни промени – сето тоа со обновена сила“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека нема основа за дијалог со оние што се обидуваат да ги елиминираат своите противници наместо да ги почитуваат демократските норми.
Додаде дека „Оние што организираа ’обоена револуција‘ се оние што ја диктираат политиката“, а целта на победничката листа е „да се замолчи секој независен глас“.
Вучиќ се пофали дека по изборите, во текот на изминатите два дена разговарал со повеќе европски лидери, изразувајќи увереност дека наскоро во Белград ќе се сретне со поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан.
„Верувам дека во наредните денови ќе се видам со Виктор Орбан во Белград, бидејќи ќе се бориме заедно“, порача Вучиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата