logo
logo
logo

ОПАСНО НЕВРЕМЕ СЕ ПРИБЛИЖУВА - Туристите да бидат внимателни

(ВИДЕО) ЦРВЕН АЛАРМ ЗА ОМИЛЕНИТЕ ЛЕТУВАЛИШТА - Невреме со град и силен ветер го зафаќа Халкидики

Vecer | 24.07.2026

(ВИДЕО) ЦРВЕН АЛАРМ ЗА ОМИЛЕНИТЕ ЛЕТУВАЛИШТА - Невреме со град и силен ветер го зафаќа Халкидики

Грција се подготвува за нагла промена на времето, откако Грчката национална метеролошка служба издаде црвен аларм за периодот од 23 до 25 јули. По неколкудневниот екстремен тополотен бран, земјата ќе биде зафатена од силно невреме проследено со поројни дождови, грмежи, олуен ветер и локална појава на град..

Надлежните служби ги повикуваат граѓаните и туристите да бидат особено внимателни. Доколку се забележат темни облаци, грмежи или знаци на невреме, се препорачува веднаш да се напуштат плажите и морето. Возачите треба да избегнуваат патување за време на најсилните врнежи поради намалена видливост и можност од поплавени патишта.

Според прогнозите, најкритична ќе биде ситуацијата во петок, кога нестабилното време ќе ги погоди Халкидики и Солун – региони каде што во овој период престојуваат голем број македонски туристи. Метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи и силни удари на ветер, кои може да предизвикаат проблеми во сообраќајот, како и опасни услови долж крајбрежјето и на плажите.

https://www.instagram.com/reels/DbJLRAJg_jC/

Истовремено, се советува редовно следење на официјалните временски прогнози и почитување на упатствата од локалните власти.

Иако невремето нема истовремено да ги зафати сите делови на Грција, најголем ризик се очекува во северниот дел на земјата, поради што се препорачува зголемена претпазливост за сите кои патуваат или престојуваат во овој регион.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk