ЦРВЕН АЛАРМ КАЈ СОСЕДОТ

ЕПИДЕМИЈА НА МАЛИ СИПАНИЦИ ВО БУГАРИЈА, над 440 заразени

Vecer | 09.07.2026

ЕПИДЕМИЈА НА МАЛИ СИПАНИЦИ ВО БУГАРИЈА, над 440 заразени
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во Бугарија со мали сипаници (морбили) се заразени 446 лица, меѓу кои 368 деца, покажуваат најновите податоци што ги објави Министерството за здравство на таа земја, пренесува порталот „Факти“.

Случаи на морбили се регистрирани во 11 области, а најголем број оболени е забележан во областа Враца, каде што се регистрирани над 220 заразени, како и во Плевен и Ловеч, се наведува во податоците објавени на веб-страницата на Министерството.

Оболени лица исто така се пријавени и во областите Монтана, во градот Софија и околината, како и во Варна, Русе, Видин, Перник и Трговиште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk