Церемонијата на потпишување билатерални договори во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и кинескиот претседател Си Џинпинг започна денес во Пекинг, а ќе бидат потпишани повеќе од 23 договори и две заеднички изјави на двајцата претседатели.
Српскиот претседател спомна десетина економски и финансиски проекти кои ќе бидат договорени со Кина а, исто така, најави дека добиле “неверојатно добра понуда“ за проект на нуклеарна енергија за Србија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата сопруга Тамара денес пристигнаа во Големиот дом на народот во Пекинг, каде што беа пречекани од претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуен.
За претседателот Вучиќ беше одржана свечена церемонија за пречек, со црвен тепих, почесна гарда и пеење на националните химни на Србија и Кина.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше пречекан од околу стотина деца кои носеа цвеќе и знамиња на двете земји.

Вучиќ и Си потпишаa заедничка изјава за континуирано унапредување и градење на заедницата на Србија и Кина со заедничка иднина во новата ера и заедничка изјава за заедничко подобрување на спроведувањето на четири глобални иницијативи.
„Треба да си подадеме раце и да се здружиме за да одиме заедно по светлиот пат на заедничка иднина и заеднички просперитет. Уверен сум дека вашата посета овој пат ќе стане нова пресвртница во нашите билатерални односи и врски, што ќе го подигне нашето сеопфатно стратешко партнерство на нови височини“, изјави претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, денес на почетокот на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во поширок формат.
Вучиќ му се заблагодари на Си Џинпинг за величествениот прием во Пекинг, за почитта, поддршката и пријателството кон нашата земја искажани во секое време, но и за заедничкото учество со српскиот народ во изградбата на Србија.
Си му го додели на Вучиќ Орденот за пријателство
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата