logo
logo
logo

Комарците ја враќаат опасноста

ЧЕТИРИ ЖРТВИ НА ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ВО ГРЦИЈА - Бројот на заразени расте

Vecer | 30.07.2026

ЧЕТИРИ ЖРТВИ НА ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ВО ГРЦИЈА - Бројот на заразени расте

Комарците повторно се закана за јавното здравје во Грција. Западнонилската треска од почетокот на годинава однесе четири животи, а бројот на потврдени случаи се искачи на 47. Најголем миризик имаат повозрасните граѓани и лицата со хронични заболувања, бидејќи кај голем дел од заразените болеста предизвикала сериозни компликации на централниот нервен систем. 

Според Националната организација за јавно здравје, од регистрираните случаи, 34 пациенти развиле тешки форми на инфекцијата , меѓу кои енцефалитис, менингитис и акутна флацидна парализа. Останатите 13 пациенти имале полесни имптоми или умерена форма на болеста. 

Здравствените власти посочуваат дека вирусот најтешко ги погодува лицата на возраст над 65 години, кај кои имунитетот е ослабен. Ова ја објаснува статистиката каде што сите четири смртни случаи се во оваа возрасна категорија.

Случаи на западнонилска треска се забележани во повеќе општини и префектури низ Грција, особено во руралните и земјоделските средини каде што има поголема концентрација на комарци. Властите веќе спроведуваат интензивни третмани за запрашување и дезинсекција, но истовремено бараат од граѓаните да преземат лични мерки за заштита.

Здравствените експерти советуваат носење облека со долги ракави, користење средства против комарци и избегнување престој на отворено во периодот кога овие инсекти се најактивни – во самрак и во зори.

Со оглед на тоа што Грција е главна летна дестинација за македонските граѓани, здравствените информации од јужниот сосед бараат внимание и од нашите патници. Иако вирусот не се пренесува директно од човек на човек, туку исклучиво преку убод од инфициран комарец, заштитата при престој во погодените региони е клучна превенција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk