Во четврток околу 11:30 часот, полицијата запре 45-годишен германски државјанин кој возел црн БМВ со германска регистрација на автопатот А3 во близина на Славонски Брод. Возилото било запрено поради несоодветни ознаки со кои било украсено.
Автомобилот, кој претходно бил забележан во областа на Славонски Брод, имал истакнато руско знаме на хаубата. На прозорците имало разни налепници, а на вратата од совозачот имало крст.
Бродско-посавинската полициска управа потврди дека против возачот е покрената прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир. Му е изречена парична казна од 700 евра, која ја платил веднаш на местото на прекршокот.
„На 15 октомври, околу 11:30 часот, на автопатот А3 во близина на Славонски Брод, бил прегледан автомобил, управуван од 45-годишен германски државјанин. На автомобилот, на видно место, тој истакнал симбол во форма на налепница од знамето на странска држава и цртеж со несоодветна содржина, со што се нарушува редот и мирот, односно се навредуваат чувствата на граѓаните“, соопшти полицијата, додавајќи дека е прекршен членот од законот, кој вели: кој на јавно место изведува, репродуцира песни, композиции и текстови или со носење или истакнување симболи, текстови, слики, цртежи го нарушува јавниот ред и мир, ќе биде казнет за прекршокот со парична казна во износ од 700,00 до 4000,00 евра или затвор до 30 дена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата