Додека во зградата се одржуваше седница на Реулаторното тело за медиуми (РЕМ) на која се решаваше за казни и евентулано одземање лиценца за работа и емитување на медиумите Информер и Курир кои новата валст во Србија ги оцени како “режимски“ пред зградата имаше луѓе кои проетстираа против тој процес.
Но, во еден момент, околу 14:30 часот, шеснаесетгодишен млад човек предизвика инцидент пред зградата на РЕМ, заканувајќи се на граѓаните и трчајќи кон нив, според снимката, со нож. Неколкумина од нападнатите се охрабрија да го нападнат со столици и да го онеспособат додека дојде полицијата.
Со брзата реакција на полициската патрола, ситуацијата е ставена под контрола, а за време на интервенцијата, еден полицаец е полесно повреден.
Според неофицијалните информации на Телеграф, инцидентот започнал пред зградата на РЕМ на плоштадот Никола Пашиќ. Како што ѝ кажал на полицијата очевидец, кој бил во друштво на неколку лица на таа локација, малолетникот одеднаш им се приближил и без никаква очигледна причина почнал да ги навредува и да им упатува сериозни закани. Потоа младиот човек се оддалечил за кратко време, но набрзо се вратил во видно вознемирена и расеана состојба, упатувајќи се кон човекот и толпата со намера да ги нападне.

Според Ингормер и тонот од снимките како изјави на сведоците, прво дошло до вербален конфликт околу политички ставови а потоа напаѓачот на јакната носел значка со мотиви од Студентската листа.
Повреден полицаец

По пријава од граѓанин, полициската патрола пристигнала на местото на настанот. Иако малолетникот ја послушал наредбата на полицијата во првиот момент, кога се приближиле, тој повторно почнал да пружа активен отпор и се заканил дека ќе се повреди себеси и на другите.
Потоа полициските службеници употребиле физичка сила, го совладале и го врзале, што спречило ескалација на инцидентот. Додека го совладувале, еден полицаец се здобил со повреда на десната рака и бил испратен на преглед во дежурна здравствена установа.
Приведениот малолетник бил префрлен во полициската станица, каде што набрзо пристигнала екипата на брзата помош. Тој, во придружба на неговата мајка и полициска патрола, бил пренесен во Универзитетската детска клиника во Тиршова, од каде што ќе биде упатен на понатамошен преглед во Клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата