Бугарската министерка Петрова за наводните притисоци врз Ива Михајлова: НЕЈАСНО Е ОД КАДЕ СЕ ПОЈАВИЈА ВАКВИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Vecer | 16.11.2026

Бугарската министерка Петрова за наводните притисоци врз Ива Михајлова: НЕЈАСНО Е ОД КАДЕ СЕ ПОЈАВИЈА ВАКВИТЕ ИНФОРМАЦИИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова нема информации за наводните притисоци на бугарската тајна служба ДАНС врз Ива Михајлова. По објавувањето на снимките во кои Михајлова тврди дека била уценувана од службите, Петрова вели дека случајот не е во надлежност на Министерството за надворешни работи и дека за неа останува нејасно од каде потекнуваат информациите за притисоци, особено откако самата Михајлова јавно ги демантираше.

„Колку што видов од изјавата на Ива Михајлова, таа самата тврди дека не била изложена на притисок, така што за мене е малку загадочно од каде се појави таквата информација“, изјави Велислава Петрова, министерка за надворешни работи на Бугарија.

Скандалот во Бугарија избувна откако јутјуберот Станислав Цанов објави снимки од разговори со Михајлова, во кои таа тврди дека службеници на ДАНС ѝ се заканувале со прекинување на помошта за лекување и адвокатската заштита доколку не гостува во конкретна емисија. Бугарската опозиција побара истрага и оставка од директорот на ДАНС, додека службата категорично ги отфрли обвинувањата и ја оспори веродостојноста на снимките.

Михајлова во меѓувреме објави дека никој во Бугарија не ја принудувал на ништо и побара да биде оставена мирно да го продолжи лекувањето. Петрова денеска изрази и сомнеж околу најавите случајот да биде пријавен пред европските институции, посочувајќи дека не е јасно што точно би им било презентирано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk