КОСКИТЕ ШТО ГИ ДОБИ БУГАРИЈА ОДАТ НА ДНК АНАЛИЗА

Vecer | 23.11.2026

КОСКИТЕ ШТО ГИ ДОБИ БУГАРИЈА ОДАТ НА ДНК АНАЛИЗА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Посмртните останки на цар Самоил и на неговите претпоставени роднини би можеле до крајот на годината да бидат испратени во Институтот „Макс Планк“ во Германија за генетска анализа.

Ова го изјави д-р Људмил Вагалински од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките (БАН), како што пренесува „Новините.бг“.

Тој појасни дека во моментов се финализираат деталите околу соработката со германскиот истражувачки институт. Според него, сè уште треба да се обезбедат потребните дозволи за испраќање на останките на средновековниот владетел во странство, како и да се изготват соодветните формални договори.

Вагалински нагласи дека процесот зависи и од Министерството за култура, од кое се очекува одобрение за спроведување на истражувањето. Тој изрази оптимизам дека тоа ќе се реализира до крајот на 2026 година.

Археологот напомена дека веќе е постигнат начелен договор за соработка со институтот. Сè уште треба да се дефинираат конкретните услови, временските рамки и работните процедури меѓу двете страни, додаде тој.

Тој објасни дека археогенетските истражувања се сложен и долготраен процес, при што напомена дека обично се потребни околу шест месеци за да се добијат резултати.

Вагалински дополнително посочи дека, со оглед на тоа што цар Самоил живеел пред илјада години, неговите коски изгубиле голем дел од материјалната содржина неопходна за ваков вид анализа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk