„ЌЕ БИДАМ ЛИКВИДИРАН“ - Вучиќ тврди дека добил најсериозни смртни закани

Vecer | 23.11.2026

„ЌЕ БИДАМ ЛИКВИДИРАН“ - Вучиќ тврди дека добил најсериозни смртни закани
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Александар Вучиќ, лидерот на опозицијата, тврди дека добил сериозни закани по животот. Во гостувањето во утринската програма на српската телевизија Пинк, тој оцени дека полицијата практично не функционира и откри дека му била испратена порака дека ќе биде ликвидиран.

„Вчера добив најсериозни смртни закани, ми беше испратена јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран“, изјави Вучиќ.

Во интервјуто тој зборуваше и за активностите на „Студентската листа“ во Народното собрание, упатувајќи критики кон нивните настапи и изјави за имотот и висококатниците.

Вучиќ се осврна и на новиот претседател на Народното собрание, Александар Чупиќ, поставувајќи прашања за потеклото на средствата со кои, според неговите зборови, биле стекнати недвижностите.

„Од каде се парите за висококатница – за целиот тој имот? Станува збор за милиони и милиони евра“, рече Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk