БУГАРИЈА ЈА ДОБИ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ, Јотова му се заблагодари на Радев за поддршката

Vecer | 02.11.2026

БУГАРИЈА ЈА ДОБИ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ, Јотова му се заблагодари на Радев за поддршката

Илијана Јотова ќе биде новата претседателката на Бугарија. Таа во вториот круг на претседателските избори во земјата има убедливо водство пред нејзиниот противкандидат Андре Ѓуров, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК). Потпретседател на земјата ќе биде Кирил Валчев.

Според обработени 99,95 отсто од податоците од изборните единици во Бугарија до 7:30 часот утрово, двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев освоил 57,581 отсто од гласовите или во бројки тоа значи дека тие ја добиле поддршката на 1 093 564 гласачи.

Зад нив е двоецот Андреј Ѓуров и Георги Кандев со освоени 749 543 гласови или 39,467 проценти.

Во графата „Не поддржувам никого“, според последните податоци на ЦИК, има вкупно 56 070 гласачи или во проценти 2,926.

Според досегашната распределбата на гласовите, разликата меѓу Јотова и Ѓуров, односно кандидатите се потпретседал на државата е 344 021 е 344 021 глас.

Илијана Јотова по извесната изборна победа ќе биде првата жена избрана за претседател на Бугарија.

Јотова синоќа на прес-конференција им се заблагодари на гласачите, на Иницијативниот комитет што ја номинираше и на партиите што ја поддржаа, ветувајќи дека ќе успее да ја надмине политичката поделба во бугарското општество, пренесе бугарската национална телевизија – БНТ.

Таа особено му се заблагоради на премиерот на земјата Румен Радев и неговата политичка групација „Прогресивна Бугарија“.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на „Прогресивна Бугарија“, г. Радев, без вас немаше да успееме да го направиме ова“, рече новата бугарска претседателка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk