УАПСЕН ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПОЛИЦИЈАТА во Белград

Vecer | 15.05.2026

УАПСЕН ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПОЛИЦИЈАТА во Белград
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Началникот на Полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, приведен е по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во рамки на истрагата за околностите под кои на 12 мај 2026 година исчезна Александар Нешовиќ, пренесе Нова.

Како што соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград, апсењето го извршиле припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Службата за борба против организираниот криминал на МУП на Србија.

На Милиќ му е одредена мерка притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела непријавување на кривично дело и сторител, како и помагање на сторител по извршување на кривично дело.

„Во тој рок ќе биде приведен на сослушување пред вршителот на должноста јавен обвинител“, се наведува во соопштението.

Александар Нешовиќ, познат како Баја, исчезнал пред три вечери во Белград. Тој бил поврзан со криминалната група на Дејан Стојановиќ – Кека од Нов Белград.

Според неофицијални информации, Нешовиќ исчезнал откако отишол да се сретне со познаник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk