logo
logo
logo

Заштитено животно од Националниот парк Самарија завршило на трпеза

ШОК НА КРИТ -Истрага за убиство и јадење на заштитена дива коза во Националниот парк Самарија

Vecer | 04.08.2026

ШОК НА КРИТ -Истрага за убиство и јадење на заштитена дива коза во Националниот парк Самарија

Шок во природниот бисер на Крит - заштитена дива коза наводно завршила на трпеза. Грчките власти истражуваат тврдења дека работниците од приватна компанија го убиле и о испекле животното во Националниот парк Самарија, додека обвинителството во Ханија веќе наредило истрага. 

Според извештаите, кои сега се проверуваат, членовите на работната екипа влегле во клисурата за да извршат поправки, а потоа наводно убиле критска дива коза, позната како кри-кри, ја испекле на отворен оган и ја изеделе.

Истрагата ја спроведува Управата за шумарство на Ханија. Службата потврди дека го проверуваат извештајот, но засега не можеа да потврдат дека настанот навистина се случил или да објават детали за лицата поврзани со случајот.

Освен евентуалното убивање на заштитено животно, се истражува и дали е запален оган во националниот парк. Локалните медиуми предупредуваат дека таквата постапка би претставувала сериозен ризик за животната средина, особено во периоди на зголемена опасност од пожари.

Кри-кри е критска дива коза која живее првенствено во областа на Белите Планини и Самариската Клисура. Таа е еден од најпрепознатливите симболи на Крит, а ловот на овие животни е забранет.

Со децении, популацијата на кри-кри е загрозена од криволов, губење на живеалиштата, болести и вкрстување со домашни кози. Националниот парк Самарија е основан во 1962 година, меѓу другото, за да го заштити живеалиштето на ова ретко животно.

Грчките медиуми нагласуваат дека засега станува збор само за наводи од извештајот. Дали ќе биде покрената кривична постапка против некого ќе зависи од резултатите од истрагата на Управата за шумарство и на Обвинителството во Ханија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk