СРБИЈА ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА НАФТА И ГОРИВА, цените се менуваат на неделно ниво

Vecer | 09.03.2026

СРБИЈА ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА НАФТА И ГОРИВА, цените се менуваат на неделно ниво
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Владата на Србија на вонредна седница денеска донела одлука за забрана на извоз на нафта и на сите нафтени деривати за погон на мотори, објави „Данас“.

— Забраната се однесува на извоз на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт до 19 март, по што ќе носиме понатамошни одлуки. Суштината на оваа забрана е заштита на домашниот пазар од недостиг и од раст на цените, поради глобалните нарушувања на светскиот пазар — изјави министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Таа потсети и дека Србија е земја во која граѓаните плаќаат нафтени деривати по пониска цена во однос на нивната реална цена на берзата, додавајќи дека државата прави сè за да ги заштити граѓаните и стопанството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk