logo
logo
logo

Се онесвестил во вода - МАКЕДОНЕЦ СПАСЕН ОД ДАВЕЊЕ ВО ГРЦИЈА

Vecer | 15.06.2026

Се онесвестил во вода - МАКЕДОНЕЦ СПАСЕН ОД ДАВЕЊЕ ВО ГРЦИЈА

70-годишен турист од Македонија за малку ќе се удавел додека се капел во морето во Неи Пори, Грција, објавуваат грчки медиуми.

Мажот загубил свест додека бил во водата, а за среќа, спасувачот брзо го забележал и го извлекол онесвестениот маж од морето.

Не морало да се врши реанимација, бидејќи човекот се вратил во живот со помош на кислородот што му го дале спасувачите, како што може да се види и од фотографијата објавена од protothema.gr.

– Тој пливал во морето во Неи Пори и изгубил свест во водата. Сепак, брзо го забележал спасувачот кој втрчал во морето и го извлекол. Му дал кислород и тој се вратил во живот без потреба од реанимација. Брзата помош пристигнала и човекот бил пренесен во болница, од каде што бил отпуштен по два дена – изјави Адонис Киурцидис, надзорник на спасувачите.

Туристот дошол кај кулата на спасувачот кој му го спасил животот и срдечно му се заблагодарил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk