logo
logo
logo

Напад со нож кај Акропол: ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА АМЕРИКАНСКИ ТУРИСТИ

Vecer | 21.07.2026

Напад со нож кај Акропол: ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА АМЕРИКАНСКИ ТУРИСТИ

Утрово во 08:03 часот бил активиран алармот на јужниот влез во археолошкиот локалитет Акропол, спроти Музејот на Акропол и билетарницата за продажба на билети, по дојавата за маж кој држел нож и им се заканувал на минувачите, пишува порталот „Катимерини“.

Според достапните информации, една минувачка го известила Оперативниот центар на полицијата за инцидентот. По доаѓањето на полицијата било утврдено дека мажот веќе со ништо непредизвикан нападнал двајца туристи од Соединетите Американски Држави. Жената ја повредил во бутината, додека мажот, кој се обидел да ја заштити, го ранил во зглобот на раката.

На местото на настанот било повикано возило на Брза помош за да им се укаже прва помош на повредените, по што биле пренесени во болницата „Црвен крст“.

На двајцата им се укажува медицинска нега и не се во животна опасност, додека сè уште не е одлучено дали ќе бидат задржани на болничко лекување.

Напаѓачот, кој според првичните информации има психички проблеми, брзо бил совладан и уапсен. Станува збор за 60-годишен грчки државјанин, најверојатно бездомник, кој и претходно бил приведуван поради навредување и неовластено поседување нож.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk