Забележано на камера: СЕ СУДРИЈА ТРАЕКТ И ТОВАРЕН БРОД НА КРИТ

Vecer | 21.07.2026

Забележано на камера: СЕ СУДРИЈА ТРАЕКТ И ТОВАРЕН БРОД НА КРИТ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Траект полн со патници се судри со товарен брод во пристаниште на Крит! Камерите го забележаа моментот кога во пристаништето Суда се судрија патничкиот траект „ Елирос “ и товарниот брод „Јосиф К“

Во моментот на несреќата, траектот „ Елирос “ испловувал на редовна линија кон Пиреј со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Истовремено, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристанување во пристаништето.

Видеоснимката ги прикажува драматичните секунди во кои двата брода се приближуваат еден кон друг на само неколкуметри, по што доаѓа до судир кој не било можно да се избегне.

@protothema.gr 🛳️ Η στιγμή που δύο πλοία συγκρούονται στο λιμάνι της Σούδας 🎥 Facebook: flashnews.gr #protothema #news #tiktokgreece #greektiktok ♬ πρωτότυπος ήχος - protothema.gr

И покрај силниот удар, во поморската несреќа нема повредени, ниту пак дошло до истекување гориво или загадување на морето.

Товарниот брод по инцидентот е закотвен во пристаништето во присуство на пристанишните власти, кои ги истражуваат точните околности под кои дошло до судирот.

За двата брода привремено е забрането испловување додека не се извршат технички прегледи и не се издаде потврда за пловидбена способност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk