logo
logo
logo

ЦРНА ГОРА ВО ЕУ СО ХРВАТСКИ ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК?

Vecer | 04.10.2026

ЦРНА ГОРА ВО ЕУ СО ХРВАТСКИ ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК?

Црна Гора планира да стане 28. членка на ЕУ до 2028 година, но пред тоа мора да го преземе и преведе правното „acquis“ на Унијата (комплетен, постојано еволуирачки корпус на заеднички закони, права и обврски на Европската Унија што ги обврзуваат сите земји-членки на ЕУ заедно), кое вклучува десетици илјади правни акти.

Црна Гора можеби нема да може да го преведе целото законодавство на Европската Унија до планираното пристапување, па затоа Европската комисија разгледува привремени исклучоци, а една од опциите е Црна Гора да користи еден од постојните официјални јазици на ЕУ, при што хрватскиот јазик се појавува како најочигледен избор“, коментира „Еуроњуз“.

Затоа, Комисијата оценува неколку опции за можни исклучоци. Една од нив е да ѝ се дозволи на Црна Гора привремено да користи друг официјален јазик на ЕУ додека не ги заврши сите преводи. Одлуката за тоа кој јазик би се користел би била на Подгорица, но хрватскиот е најверојатниот кандидат. Тоа е единствениот официјален јазик на ЕУ што црногорските граѓани целосно го разбираат.

Според последниот попис поголем дел од населението во Црна Гора за мајчин јазик го смена српскиот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk