Актерот Николас Кејџ ги изненади многумина кога објави дека морал привремено да ја напушти својата вила во Малибу, вредна 10,5 милиони долари, откако огромна дупка во земјата го оштетила теренот околу неговиот имот.
Актерот Николас Кејџ неодамна ги шокираше обожавателите кога на еден настан отворено изјави дека „моментално е бездомник“.

Кејџ призна дека во моментов нема дом, откако во близина на неговата вила во Малибу, Калифорнија, се појавила огромна дупка во земјата – настаната како последица на ерозија на почвата – која предизвикала оштетувања што го оневозможуваат неговото враќање дома. Актерот бил принуден да се евакуира, па затоа привремено престојува во хотели.
За ова тој зборуваше за време на своето гостување на „Лос Анџелес Комик Кон“ (Los Angeles Comic Con) на 31 октомври. Зборувајќи за своите планови за Ноќта на вештерките, Кејџ објасни дека оваа година нема да може да ги пречека децата од соседството во својот дом.
„Во моментов сум бездомник“, прокоментира актерот.
Оваа ситуација е особено необична, со оглед на имотот што го поседува актерот.
Тој го купил имотот во Малибу во 2024 година за приближно 10,5 милиони долари. Луксузна куќа покрај океанот сега е во центарот на проблем што надминува обично оштетување на имотот. Тој не може нормално да го користи својот имот и морал да најде сместување на друго место, пишува „Glossy“.
Сè започна во септември, кога обилните дождови и крајбрежната ерозија предизвикаа уривање на земјиштето до куќата. Настанатата дупка со текот на времето го проголта пристапниот пат, како и дел од надворешните објекти.
Богатството на Николас Кејџ се проценува на околу 30 милиони долари. Во периодот помеѓу 1996 и 2011 година, тој заработил над 150 милиони долари, а на врвот на својата слава, неговиот годишен приход изнесувал повеќе од 40 милиони долари.
Поради својот екстравагантен начин на живот – купување замоци, острови, скапи автомобили, па дури и черепи од диносауруси – како и поради огромните даночни долгови, тој западнал во сериозни финансиски проблеми и банкрот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата