logo
logo
logo

Четкар го промовираше видеото за песната „Охрид“

Vecer | 14.10.2026

Четкар го промовираше видеото за песната „Охрид“

Владимир Четкар го промовираше спотот за неговата авторска композиција „Охрид“, инспирирана од убавината, духот и безвременската магија на македонскиот езерски бисер и негов роден град.

Композицијата „Охрид“ е целосно авторско дело на Четкар, кој се потпишува како композитор, аранжер, текстописец, музички продуцент и изведувач (вокал и гитара). Снимањето и музичката продукција се реализирани во Чикаго и Њујорк, додека постпродукцијата е изработена во Лондон.

Музичкиот спот е реализиран со поддршка на Општина Охрид и компанијата Костал. Монтажата е на Милан Блажевски, додека снимањето е дело на продукцијата „Дигитал Бокс“.

Паралелно со премиерата на новиот спот, Владимир Четкар продолжува со своите меѓународни концертни активности, со низа настапи во Европа и САД. Веќе овој петок, 16 октомври, Четкар ќе настапи во Белград, во клубот Bluz i Pivo, додека следниот петок, 23 октомври, ќе одржи концерт во познатиот виенски клуб Reigen Live. По европските настапи, Четкар заминува на американска турнеја, во чии рамки се најавени концерти во неколку значајни музички центри: – 14 ноември – Детроит, Aretha’s Jazz Cafe– 20 ноември – Њујорк, Chelsea Table + Stage– 28 ноември – Кливленд, The Bop Stop

Концертите на Владимир Четкар во Белград и Виена се реализираат со поддршка на македонското Министерство за култура и туризам. Со новиот музички спот посветен на Охрид и претстојните меѓународни настапи, Четкар продолжува да ја претставува македонската авторска музика пред светската публика, поврзувајќи ги своите корени со современиот звук на џезот, соулот и фанкот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk