Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз, објави денес Академијата за филмски уметности и науки, позната како Академија Цезар.
Кидман глумеше во голем број значајни филмови во текот на својата кариера, вклучувајќи ги „Мулен Руж“, „Очи широко затворени“, „Другите“ и „Догвил“.
Таа го освои Оскарот за најдобра актерка во 2003 година за улогата на писателката Вирџинија Вулф во „Часовите“.
Покрај нејзината актерска кариера, Кидман е и продуцент и коосновач на „Блосом Филмс“, продуцентската компанија зад телевизиските серии „Големи мали лаги“, „Развршување“ и „Девет совршени странци“.
Во 2006 година, Кидман ја доби титулата Придружник на Редот на Австралија, додека во 2017 година ѝ беше доделена награда на Канскиот филмски фестивал по повод 70-годишнината од тој фестивал.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата