logo
logo
logo

ЕКСКЛУЗИВНО: Македонија и Бугарија ќе потпишат нов текст за добрососедство: Анекс, Патоказ, Рамка или нов Договор?

Vecer | 11.01.2022

ЕКСКЛУЗИВНО: Македонија и Бугарија ќе потпишат нов текст за добрососедство: Анекс, Патоказ, Рамка или нов Договор?

Вечер.мк ексклузивно дознава дека преку министерството за надворешни работи се подготвува нов текст за добрососедство со Бугарија, кој во вид на анекс, рамка, патоказ или нешто друго ќе биде дополнение на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Нашите извори од МНР наведуваат дека анексот, патоказот, рамката или фуснотите на договорот се подготвуваат во МНР, а можеби и веќе да се предадени во Владата и Собранието.

Овој нов текст, треба да го потпишат новиот премиер Димитар Ковачевски и новиот бугарски премиер Кирил Петков.

Анексот (или другото) на договорот, според нашите информации, договорен и детализиран е на почетокот на годинава, поточно на 2 јануари, кога во земјава, ненајавено и без медиумско присуство, помина посетата на Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева.

Таа на 2 јануари го посети Скопје, јави БНТ, повикувајќи се на Министерскиот совет (влада) на Бугарија.

Дополнението на Договорот за добрососедство веројатно ќе биде објавен за време на заедничката средба на премиерите на Македонија и Бугарија, која ќе се случи на 18-ти јануари 2022 година, за кога е најавена првата официјална посета на новиот бугарски премиер Кирил Петков на Скопје.

Потпишувањето на новиот текст за добрососедство, велат нашите извори, ќе се случи на првата следна меѓувладина седница меѓу Македонија и Бугарија, која, според информациите на Вечер.мк ќе се одржи веројатно февруари или март 2022 година.

Од МНР, засега нема ниту потврда ниту демант на оваа информација, а ни повеќе детали.

Чернева беше во Скопје по наредба на бугарскиот премиер Петков, а целта била да се подготви претстојната посета на Петоков на Скопје во јануари годинава.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, најави дека откако новата влада во Македонија ќе положи заклетва, тој ќе се сретне со новиот премиер Димитар Ковачевски.

Претходно денеска, Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија, со консензус одлучи дека согласноста за почеток на преговори за членство на С. Македонија во ЕУ не треба да биде врзана со рокови, туку со постигнување реални резултати, се огласи претседателот на Бугарија Румен Радев по постигнатиот консензус на Консултативниот национален совет за безбедност.

-Давањето согласност за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не треба да биде врзано со рокови, туку со постигнување реални резултати, вклучително и во однос на правата на македонските Бугари. Ова го изјави претседателот Румен Радев во изјавата по состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност, кој траеше повеќе од пет часа.

Тој го претстави мислењето на КНСБ и седум предлози до извршната и законодавната власт, усвоени со консензус.

Повеќе на темата

Албанија може, Македонија не без овие 7 услови

 

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk