logo
logo
logo

ВИДЕО | НОВ КРВАВ НАПАД ВО ЈЕМЕН - Хутите го погодија Мока, 7 мртви и 30 повредени

Vecer | 10.08.2026

ВИДЕО | НОВ КРВАВ НАПАД ВО ЈЕМЕН - Хутите го погодија Мока, 7 мртви и 30 повредени

Најмалку седум луѓе загинаа, а 30 се повредени во новиот бран ракетни и дронски напади што Хутите синоќа го извршија врз пристанишниот град Мока на јеменскиот брег на Црвеното Море, објави „Ал Џезира“. Нападите се случија помалку од 24 часа по претходниот бран во кој загинаа 11 луѓе – осум припадници на војската и тројца цивили, додека 32 лица беа повредени. Во двата напади е причинета и значителна материјална штета, при што биле погодени згради и комерцијални објекти, а оштетена е и пристанишната инфраструктура, објави „Ал џезира“.

Јеменската војска утрово соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и соборила 11 дронови што биле употребени во новиот напад. Две балистички ракети паднале во морето, без да ги погодат предвидените цели.

Според јеменската војска, во новиот напад загинале четворица војници и тројца цивили.

Во нападите биле погодени цивилни објекти и инфраструктура, домови, електроцентрали и други локации во градот, како и воени позиции.

Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари, изјави дека целите биле позиции на саудиски војници и складишта со оружје во областа.

Хутите тврдат дека нападите се одговор на продолженото засилување на саудиското воено присуство.

Според нив, Саудиска Арабија ги засилува своите сојузнички сили со оружје и со воена опрема долж западниот брег на Јемен и во провинцијата Таиз.

Членот на политичкиот совет на Хутите, Хизам ал Асад, изјави дека експлозиите, пожарите и облаците чад што продолжиле да се гледаат од пристаништето биле предизвикани од големи количества оружје и од воена опрема складирани таму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk