Поранешниот претседател на Република Македонија и долгогодишен политички лидер Бранко Црвенковски денеска, 12 октомври, го одбележува својот 64. роденден.
Црвенковски е роден на 12 октомври 1962 година во Сараево, а своето образование го завршил во Скопје, каде дипломирал на Електротехничкиот факултет. Пред професионално да се вклучи во политиката работел во „Семос“. На првите повеќепартиски избори во 1990 година бил избран за пратеник во Собранието.
Неговото име е нераскинливо поврзано со политичката историја на Македонија во првите децении по независноста. На чело на Владата дојде во 1992 година и ја извршуваше премиерската функција до 1998 година, а повторно беше премиер во периодот од 2002 до 2004 година.
Во 2004 година Црвенковски беше избран за претседател на Република Македонија, функција што ја извршуваше до 2009 година. Претходно беше долгогодишен претседател на СДСМ и е една од политичките фигури кои оставија најдолг белег во македонскиот повеќепартиски период.
Иако во последните години е значително поретко присутен во секојдневните партиски препукувања, секое негово појавување или јавен став и натаму привлекува внимание поради функциите што ги извршувал и периодот во кој беше еден од главните политички актери во земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата