Поранешната министерка за внатрешни работи и долгогодишна функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска, 12 октомври, го прославува својот 51. роденден.
Јанкулоска е родена на 12 октомври 1975 година во Охрид, а во македонската јавност е позната по долгогодишното раководење со Министерството за внатрешни работи.
На функцијата министер за внатрешни работи беше од август 2006 до мај 2015 година, во владите предводени од поранешниот премиер Никола Груевски.
По образование е дипломиран правник. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирала на Универзитетот во Кент, Велика Британија.
Јанкулоска останува препознатливо име на македонската политичка сцена, особено по нејзиниот речиси деветгодишен мандат на чело на МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата