logo
logo
logo

Трамп му се закани на Иран: Уште 48 часа до пеколот

Vecer | 04.04.2026

Трамп му се закани на Иран: Уште 48 часа до пеколот

Трамп во објавата на социјалната мрежа Truth Social, потсетува на претходниот ултиматум што им го даде на иранските власти во врска со отворањето на Ормуската Теснина. 

- Се сеќавате дека му дадов на Иран десет дена да склучи договор или да ја отвори Ормуската Теснина. Времето истекува - уште 48 часа пред целиот пекол да се урне врз нив. Слава му на Бога, напиша Трамп.

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, по затворањето на Ормуската Теснина и ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и САД и Израел.

Соединетите Американски Држави и Израел почнаа да напаѓаат цели во Иран на 28 февруари.

Техеран одговори со одмазднички напади врз Израел и американски воени објекти на Блискиот Исток, а потоа и со затворање на Ормсуката Теснина, клучен воден пат преку кој се одвива транспортот на четвртина од енергенсите во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk