Техеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но...

Vecer | 21.11.2026

Техеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но...
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција .

Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk