Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради корона вирусот.
Статусот помогна да се фокусира меѓународното внимание на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.
Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во таа област, но Ковид-19 сè уште е присутен, соопшти СЗО, иако повеќе не претставува вонредна состојба.
Повеќе од 6,9 милиони луѓе во светот починаа од корона вирусот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата