Саудиското министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека нафтоводот – кој е способен да транспортира нафта од заливот до Црвеното Море, заобиколувајќи ја ефективно блокираната Ормуска теснина – бил погоден од дронови што доаѓале од Ирак.
Нафтоводот, кој се протега на повеќе од 1.200 километри, наводно бил нападнат и на крајот на јули од страна на групи поврзани со Иран кои дејствуваат од Ирак.
Тој доби уште поголемо значење од почетокот на американско-израелската војна со Иран, при што Ријад го користи нафтоводот за да ја пренасочи нафтата што инаку би била наменета за танкери.
Првично не беа дадени детали за можната штета или за тоа кој го извршил нападот.
Си-Ен-Ен, цитирајќи официјални лица од американската влада, јави дека пумпните станици лоцирани долж нафтоводот биле погодени од дронови лансирани од Ирак.
Со стапка на производство од околу 10 милиони барели дневно, Саудиска Арабија е втор најголем производител на нафта во светот по САД.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата