Рубио: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни

Vecer | 18.02.2025

Рубио: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни, вклучувајќи ги Украина, Русија и Европа, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу делегациите на САД и Русија во Ријад, во кои учествуваше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој прецизираше дека никој нема да биде игнориран, а Европската унија ќе биде вклучена во преговорите во некоја фаза.

„Сите кои се вмешани во конфликтот во Украина треба да бидат согласни за одлуката за негово прекинување. Целта на преговорите за ставање крај на војната во Украина е да се постигне праведен, траен и одржлив мир“, истакна Рубио.

Тој сооппшти дека во Ријад е постигнат договор со Москва во четири области.

„Следните чекори вклучуваат воспоставување остварливи дипломатски мисии меѓу САД и Русија“, рече Рубио.

Американскиот државен секретар прецизираше дека ќе бидат назначени тимови за враќање на функционалноста на амбасадите во Москва и Вашингтон.

„Има уште работа да се заврши. Денешната средба беше првиот чекор од долгиот и тежок пат“, нагласи Рубио и изјави дека Москва покажала подготвеност да се вклучи во сериозниот процес./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk