logo
logo
logo

Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД пред да биде застрелан

Vecer | 16.10.2026

Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД  пред да биде застрелан

Напаѓачот влегол во основното училиште пукајќи низ заклучени врати, соопшти полицијата, без да даде никакви детали освен возраста на осомничениот. Загинатите се деца на возраст од 5, 8 и 11 години и еден наставник.

 Покрај тоа, еден 7-годишен ученик и еден 54-годишен наставник се однесени во болница со критични повреди, изјави началникот на полицијата.

Гувернерката на Орегон, му се заблагодари на членот на заедницата кој „херојски интервенирал за да спречи понатамошно губење на животи“.

Градот Бенд е со околу 100.000 жители во руралниот централен дел на Орегон. Учелиштетео каде беше пукањето е за деца  од градинка до петто одделение, на возраст од приближно 5 до 11 години, и има околу 450 ученици и 40 членови на персоналот, соопштија официјални лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk