Главнот град на Русија се најде под застрашувачки ноќен бран напади со беспилотни летала, што предизвика тотален сообраќаен хаос, активирање на противвоздушната одбрана и итно затворање на сите четири главни аеродроми во московскиот регион.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека во периодот од 23 часот на 15 октомври до 1:10 часот пополноќ, руската ПВО соборила дури 59 непријателски дронови кои се движеле директно кон срцето на руската престолнина.
Тотален колапс во воздушниот сообраќај
Поради директната закана, руската Федерална агенција за воздушен сообраќај („Росавијација“) воведе вонредни ограничувања и веднаш ги суспендираше сите полетувања и слетувања на аеродромите Шереметјево, Домодедово, Внуково и Жуковски.
Над 20 патнички авиони кои требаше да слетаат во Москва беа итно пренасочени кон алтернативни аеродроми низ земјата, додека илјадници патници останаа заглавени.

Експлозии и пожари во околината на Москва
На социјалните мрежи масовно се шират снимки од жителите на Котелники каде што ниско прелетувале дронови, додека од регионот Електростал пристигнуваат извештаи за силни детонации, експлозии и можни пожари предизвикани од падот на остатоците од соборените летала.
Специјалните служби и итни екипи се веќе на терен и го чистат теренот, додека официјалните власти сè уште ги утврдуваат евентуалните материјални штети и жртви од овој масовен ноќен напад.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата