Жителите на Јапонија доживеаја неколку минути вистински хорор и паника откако Јапонската метеоролошка агенција (JMA) издаде драматично вонредно предупредување за претстоен катастрофален земјотрес со шокантна јачина од 9,9 степени според Рихтер – најсилниот во историјата на човештвото!
Сирените и пораките за узбуна ги преплавија телефоните на граѓаните околу 12:40 часот, со известување дека во регионот на Курилските Острови е регистриран разорен потрес и дека апокалиптичен потрес се очекува на островот Хокаидо и во уште две други регии.
8 минути пекол и страв, па итно повлекување
Меѓутоа, точно осум минути по издавањето на морничавото предупредување, надлежните служби сфатија дека направиле застрашувачка грешка и итно ја повлекоа узбуната, свикувајќи итна прес-конференција за јавноста.
Реалните сеизмолошки податоци покажаа дека во тој период во близина на полуостровот Камчатка бил регистриран земјотрес со значително помала јачина од 6,9 степени, кој на Хокаидо предизвикал само речиси незабележливо поддрмување. Немаше опасност од цунами, ниту пак штети.
„Искрено им се извинуваме на сите граѓани за ужасот!“
Веста за наводниот земјотрес од 9,9 степени предизвика невиден шок низ целата земја пред системот да го поправи лажниот аларм. Според првичните информации, до катастрофалната грешка дошло поради погрешно отчитани податоци во компјутерскиот систем за рано предупредување.
– „Искрено им се извинуваме на сите граѓани за претрпениот страшен стрес и сите непријатности што ги предизвикавме“, изјави Ајаки Каито, раководител на Одделот за следење земјотреси при Јапонската метеоролошка агенција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата