„Тоа е одлука што не зависи од мене и со која јас лично не би се согласил“, изјави Мелони пред новинарите во ерменскиот главен град, Ереван, на маргините на самитот на Европската политичка заедница.
Американскиот претседател минатата недела беше прашан дали Вашингтон би размислил за повлекување на своите трупи од Италија и Шпанија, а Трамп одговори „веројатно“.
Трамп пак ги напаѓа европските земји
„Италија воопшто не ни помогна, а Шпанија беше ужасна, апсолутно ужасна“, изјави тој пред новинарите во саботата.
Пентагон во петокот објави дека САД ќе го намалат своето воено присуство во Германија, нивната најголема европска база, за 5.000 војници.
Трамп, од друга страна, во саботата изјави дека ќе го намали бројот на војници во Германија за „далеку повеќе“ од 5.000.
Трамп се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија и други европски земји за време на двата негови мандати во Белата куќа, тврдејќи дека сака Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, наместо да зависи од Вашингтон.
Сега се чини дека се обидува да ги казни сојузниците кои не го поддржаа во војната на Блискиот Исток или не придонесоа за мировните сили во клучниот Ормутски теснец, кој иранските сили го затворија, пишува АФП.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата