logo
logo
logo

Кисинџер: Путин ПОГРЕШНО ПРОЦЕНИ, светот никогаш нема да се врати како порано

Vecer | 11.05.2022

Кисинџер: Путин ПОГРЕШНО ПРОЦЕНИ, светот никогаш нема да се врати како порано

Оваа година се одбележуваат 50 години од посетата на Ричард Никсон, поранешниот претседател на САД, на Кина. Организатор на тој кинеско-американски договор, кој означи голема промена во Студената војна и одвојувањето на Кина од Русија, беше Хенри Кисинџер, поранешен државен секретар на САД и советник за национална безбедност, пишува Фајненшл тајмс.

Меѓутоа, денес Русија и Кина имаат поблиски односи од тогаш, па се поставува прашањето дали тоа значи нова Студена војна со Кина?

- Во времето кога се отворивме кон Кина, Русија беше главниот непријател, но нашите односи со Кина беа толку лоши колку што можеа да бидат. Кога имаш двајца непријатели, не е паметно да се однесуваш со нив исто, таков беше нашиот став кон отворањето кон Кина. А тоа се случи поради тензиите кои се развија автономно меѓу Русија и Кина – вели Кисинџер

Тој вели дека поранешниот шеф на Советскиот Сојуз Леонид Брежњев не можел да замисли дека Кина и САД можат да се обединат.

- Но, Мао Це Тунг, и покрај неговото идеолошко непријателство, беше подготвен да започне разговори. Кинеско-рускиот сојуз е во принцип против стекнатите интереси, а сега е воспоставен. Но, не ми се чини дека во суштина тоа е трајна врска“, вели Кисинџер.

На прашањето дали е во геополитички интерес на Америка да поттикне поголема дистанца меѓу Русија и Кина, поранешниот американски државен секретар смета дека глобалната геополитичка ситуација ќе доживее значителни промени по завршувањето на конфликтот во Украина.

- Не е природно Кина и Русија да имаат идентични интереси во сè. По војната во Украина, Русија ќе мора да го преиспита својот однос кон Европа и НАТО. Мислам дека не е мудро да се заземе ривалски став кон две спротивставени држави. Ниту Русија, ниту Кина нема да станат интимни пријатели на Западот, но кога ќе се појават конкретни прашања, мора да ја оставиме отворена можноста за поинаков пристап кон овие прашања. Во периодот што ни претстои, не требаше да ги обединиме Русија и Кина како составен елемент – рече Кисинџер.

Тој се осврна и на администрацијата на Џо Бајден, која го претставува својот голем геополитички предизвик како борба на демократијата против автократијата.

- Мора да бидеме свесни за разликите во идеологиите и нивните толкувања. Со оглед на еволуцијата на технологијата и огромната деструктивност на моментално достапното оружје, странските непријателства би можеле да ни наметнат барања за промена на режимот во Русија, но мислам дека треба да го избегнеме тоа, т.е. со нашите ставови да влијаеме на таквите промени – изјави поранешниот државен секретар на САД.

Што се однесува до нуклеарните закани, Кисинџер вели дека денес сме соочени со технологии кои можат да произведат ниво на незамислива катастрофа.

- Чуден аспект на моменталната ситуација е што оружјето се множи на двете страни и секоја година се зголемува нивната софистицираност. Но, на меѓународно ниво речиси и да нема дебата за тоа што би се случило доколку навистина се употреби нуклеарно оружје. Мораме да разбереме дека сега живееме во сосема нова ера. Технологијата се шири низ светот, па на дипломатијата и на војната ќе им треба различна содржина, а тоа ќе биде предизвик – вели Кисинџер.

Црвена линија

Тој се сретна со Владимир Путин 20 до 25 пати. Рускиот претседател се закани дека ќе одговори со нуклеарно оружје доколку почувствува дека неговиот режим е под егзистенцијална закана. Каде е црвената линија на Путин во оваа ситуација?

- Со Путин се среќавав како истражувач на меѓународните односи околу еднаш годишно во период од 15 години и тоа само поради академски стратешки дискусии. Мислев дека неговите основни верувања се еден вид мистична вера во руската историја. Исто така, мислам дека тој се чувствува навреден од овој огромен јаз што се отвори меѓу Русија и Европа и Истокот. Проширувањето на НАТО е голема закана за него. Но, никогаш не би предвидел напад од толкава големина и обид за преземање друга признаена држава.

Мислам дека Путин погрешно ја процени ситуацијата со која се соочи на меѓународно ниво и очигледно погрешно ја пресмета способноста на Русија да реализира толку голем потфат. Кога ќе дојде време за спогодба, секој мора да го земе предвид фактот дека нема да се вратиме на односот од порано, туку на позиција која ќе биде различна за Русија, но не затоа што ние тоа го бараме, туку затоа што самата Русија го произведе тоа. – вели Кисинџер за Фајненшл Тајмс.

За него сега најважното прашање е до кога ќе продолжи оваа ескалација и војната во Украина и дали ќе се прошири.

- Немам предвидувања за тоа дали Путин ја достигна границата на своите способности. Дали ако конфликтот ескалира, ќе се користи нова категорија оружје што никогаш не била употребена во 70-те години од своето постоење? Доколку се премине таа граница, тоа ќе биде исклучително важен настан. Затоа што на глобално ниво не знаеме кои би биле следните линии на поделба. Едно нешто што не треба да правиме, според мене, е едноставно да го прифатиме – изјави поранешниот државен секретар на САД.

Што се однесува до Кина и претседателот Си Џинпинг, Кисинџер смета дека кинескиот лидер сега најмногу размислува како да избегне ситуација во која Путин се најде.

– Мислам дека неговиот приоритет не е мнозинството од светот да се сврти против себе и против Кина, без оглед на кризата што може да настане – заклучи тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk