logo
logo
logo

КАЗНЕТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛОНДОН: НЕ ПЛАТИЛ ДАНОК ЗА АВТОМОБИЛ, а тврди „не е мој“

Vecer | 02.09.2026

КАЗНЕТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛОНДОН: НЕ ПЛАТИЛ ДАНОК ЗА АВТОМОБИЛ, а тврди „не е мој“

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, се најде во необична судска постапка поради 24 години стар „Нисан Микра“ што, според неговите тврдења, воопшто не бил негов. Кан (55) минатиот месец бил прогласен за виновен за поседување нерегистрирано возило во постапка покрената од британската Агенција за лиценцирање на возачи и возила (DVLA), поради неплатен данок.

Градоначалникот го оспорил случајот, тврдејќи дека станува збор за измама и дека возилото не било во негова сопственост.

Според судските документи, писмата упатени до градоначалникот во врска со неплатениот данок биле испраќани во ресторанот на познатиот британски готвач Гордон Ремзи во источен Лондон, наместо до блиските канцеларии на „Транспорт за Лондон“ (TfL), локално владино тело одговорно за најголемиот дел од транспортната мрежа во главниот град.

Од Градското собрание соопштија дека автомобилот не му припаѓал ниту на градоначалникот, ниту на „Транспорт за Лондон“.

Се јави и портпаролот на градоначалникот.

„Ова е измама, што претставува кривично дело. Ова не е првпат градоначалникот да биде жртва на измама во која луѓе лажно тврдат дека Садик е сопственик на одредено возило. Таквото однесување е незаконско, а Агенцијата за лиценцирање на возила е запознаена со случајот“, посочи портпаролот.

Кан, на рочиште одржано без присуство на јавноста, бил прогласен за виновен во отсуство и му било наредено да плати казна од 220 фунти, 85 фунти судски трошоци и да го подмири долгот од 35,84 фунти за неплатениот данок за „Микрата“.

Повикајќи се на правни документи, во извештајот се наведува дека против Кан била покрената постапка откако годишниот данок за автомобилот, кој првпат бил регистриран пред 24 години, истекол во септември 2025 година.

Од Агенцијата за лиценцирање возила соопштија дека го разгледуваат случајот и ги истражуваат околностите под кои е покрената постапката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk