logo
logo
logo

Иран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец

Vecer | 06.08.2026

Иран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец

Портпаролот на иранското министерството за надворешни работи не даде дополнителни детали за договорот, за кој рече дека е „во завршна фаза“.

Сепак,  предупреди дека договорот со Оман нема да гарантира безбедна пловидба низ теснецот, тврдејќи дека безбедноста останува засегната од американската блокада на иранските пристаништа.

САД и Оман не коментираа за предлогот.Откако САД и Израел го нападнаа Иран во февруари, Техеран во голема мера го блокираше Ормускиот теснец низ кој обично минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас.

Пред два дена Трамп предупреди дека Иран ќе биде „многу силно погоден“ ако теснецот не се отвори „многу брзо“.

Неговите коментари дојдоа откако високи американски претставници изјавија дека разговорите напреднале за да се овозможи потенцијално продолжување на испораките, иако Иран тврди дека не преговара со САД и оти нема планови да го стори тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk