logo
logo
logo

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ГЕРМАНИЈА? Приземјени сите летови во Нирнберг

Vecer | 13.10.2026

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ГЕРМАНИЈА? Приземјени сите летови во Нирнберг

Сите дојдовни и појдовни летови на аеродромот во германскиот град Нирнберг се откажани до понатамошно известување поради вонредната состојба, објави Скај њуз.

Затворањето се случи непосредно пред закажаното слетување на авион од грчкиот остров Крф. Портпаролот на аеродромот потврди дека авионот слетал безбедно, но дека летовите се уште се прекинати додека полицијата ја обезбедува областа. Тој, исто така, потврди дека авионот бил следен од борбени авиони „Еурофајтер“.

Портпаролот на полицијата изјави дека сомнителната вонредна состојба сè уште не е потврдена.

Пилотите на авионот пријавиле „можно видување“ на дрон во текот на ноќта, пишува „Скај њуз“. Како што потврди полицијата, инцидентот се случил откако тројца пилоти независно пријавиле објект, можеби дрон, за време на слетувањето и полетувањето.

Инцидентите се случиле помеѓу 2 и 4 часот наутро, соопшти локалната полиција. Исто така, бил лансиран и хеликоптер, но пријавениот објект не бил потврден.

Граничниот инспекторат на аеродромот во Нирнберг покрена мерки за истрага и откривање на пријавениот објект, што резултираше со привремени прекини во воздушниот сообраќај во текот на споменатиот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk