Цената на суровата нафта „брент“ утрово падна за 1,3% на 91,3 долари за барел, достигнувајќи го најниското ниво од крајот на август, во услови на дипломатски напори за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток.
Цената на американската ВТИ нафта панда на 85,5 долари за барел и изгуби 1,45 од вчерашната цена.
Претседателот на САД Доналд Трамп изрази оптимизам за можно решение, наведувајќи го „моментумот кон крајот“ на конфликтот по неговата средба со премиерот на Катар. Во меѓувреме, конгресните демократи размислуваат да го искористат рокот за затворање на владата на 11 декември за да извршат притисок врз Трамп да ја заврши војната.
Сепак, тензиите остануваат зголемени, бидејќи американските сили наводно започнаа уште еден напад врз островот Кешм во Иран, додека американскиот државен секретар Марко Рубио ги ублажи очекувањата за напредок во преговорите.
Танкерите, исто така, останаа цел на напади во Ормускиот Проток, додека судирите во кои учествуваа Саудиска Арабија и Хутите поддржани од Иран продолжија.
Дополнително инвеститорите чекаат месечни извештаи за пазарот на нафта од американскиот EIA, ОПЕК и МАЕ за понатамошни сознанија за глобалната понуда и побарувачка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата