Во Франција и денеска продолжуваат протестите на учениците, студентите и вработените во образованието и јавниот сектор, а според податоците на Министерството за образование, 40 средни училишта биле целосно блокирани до пладне, додека во уште 44 училишта биле направени обиди за блокирање.
Вкупно во 316 училишта до пладне било забележано учество на учениците во протестите или нарушувања во работењето.
Националниот синдикат на наставници во средните училишта (SNES-FSU) соопшти дека 38 отсто од вработените се во штрајк во основните и средните училишта ширум Франција. Тоа ги вклучува наставниците, но и училишните советници, психолозите, асистентите за децата со посебни потреби и другите образовни асистенти, пренесува BFMTV.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата