Генералниот штрајк во Шпанија поради станбената криза и високите трошоци за живот заврши со насилни инциденти во повеќе градови. Најмалку 75 лица се приведени. Регистрирани се над 1.000 инциденти.
Во Барселона маскирани лица палеа контејнери и кршеа излози, додека во Мадрид демонстранти се судрија со полицијата. Ова беше првиот генерален штрајк во земјата по 14 години, во кој, според објавените процени, учествувале околу четири милиони работници.
Според Европа прес, за време на штрајкот биле регистрирани 1.044 инциденти низ Шпанија. Полицијата интервенирала на повеќе локации, а протестите предизвикале сериозни нарушувања во транспортот и јавните услуги.
На улиците во Мадрид излегле околу 120.000 луѓе, додека во Барселона протестирале повеќе од 50.000. Штрајкот го организирале најголемите шпански синдикати, кои бараат решавање на станбената криза и мерки против високите трошоци за живот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата