УЧИТЕЛКА ИЗБОДЕНА ДО СМРТ - Осмоодделенец дошол со нож!

Vecer | 29.09.2026

УЧИТЕЛКА ИЗБОДЕНА ДО СМРТ - Осмоодделенец дошол со нож!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во основно училиште во Сташков, на северот на Словачка, ученик утринава со нож ги нападнал школските колеги и две учителки. Една учителка им подлегнала на повредите, другата е пренесена во болница, а едно дете се наоѓа во критична состојба, пренесува tnlive.sk.

„Тимовите за воздушен спасувачки тим го превезоа детето во критична состојба во болницата во Мартин. По укажаната прва помош, 44-годишна пациентка со убодна рана во градниот кош со хеликоптер е пренесена во болницата во Жилина. За жал, 61-годишна жена здоби смртоносни повреди“, изјави Петра Климешова, портпаролка на Оперативниот центар за итна здравствена служба.

На местото на настанот интервенирале итните служби и безбедносните сили, а таму се упатиле и министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток, министерот за образование Томаш Друкер и министерот за здравство Камил Шашко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk